(Во живо) ВУЧИЌ СМИРУВА ДЕКА НЕМА РЕВОЛУЦИЈА: Не сме навикнати некој да ни ги крши прозорците – народот пробува да влезе во Собранието

t

Тензично е во српската престолнина Белград поради незадоволство од изборите кои неодамна се одржаа во земјата.

„Не грижете се, нема во тек никаква револуција“, вели српскиот претседател Александар Вучиќ откако вечерва има протести во Белград, а демонстрантите сакаат да упаднат во Собранието.

Претседателот повика на смиреност.

„Сакам да ви кажам да не се грижите, граѓани на Србија, иако сцените се драматични затоа што ја сакаме нашата земја и град, не сме навикнати некој да ни ги крши прозорците и да ни ја руши куќата. Не грижете се, нема во тек никаква револуција, ништо такво нема да им успее без ние да се потрудиме да не повредиме некој од случајните демонстрант“, кажа Вучиќ.

Приврзаниците на коалицијата „Србија против насилството“ (СПН) кои вечерва протестираат направија обрач околу зградата на Градското собрание на Белград и се обидуваат да се пробијат внатре. Инаку, Русија за протестите велеше дека Западот сака револуција, односно Мајдан на Балканот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лажен полицаец година и пол работел на…

Сериозни пропусти во работата на полицијата се…

Братот на зетот на Трамп за 12…

Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов…

Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…

Како одговор на растечката закана од сили…

Каролин Левит ќе ја напушти функцијата портпаролка…

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која…

Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана…

Украинскaта војска во текот на оваа година…