(Во живо) Двојно убиство во Скопје, неофицијално почина и третото рането лице, запален автомобил во Визбегово!
Автомобил марка Ауди е запален во скопско Визгегово, се претпоставува дека автомобилот е искористен од страна на убијците во скопскиот “Шиша бар” во кој вечерва беа убиени две лица, а рането е едно лице.

Од МВР добивме потврда за двојното убиство:
На 06.03.2023 во 20.11 час. во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Неофицијално, според нашите информации почина и третиот ранет во случајот со пукањето.
Екипа на судска медицина е на терен, нема увидна екипа на терен и се чека јавен обвинител, објаснува во живо уредникот на Инфомакс, Алекснадар Митовски.
Како што објасни тој, неофицијално ваквото пукање е поврзано и со вчерашните превирања во ДУИ каде Изет Меџити беше разрешен од функцијата во Чаир, а на негово место е назначен Министерот за надворешни работи Бујар Османи.
На социјалните мрежи на убиените може да се забележат доста фотографии со Изет Меџити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…