(Во живо) Закон за амнестија е потребен, да бидат ослободени и осудените за 27 април!

t

Факт е дека членот 353 од КЗ, Злоупотреба на службената положба и овластување е злоупотребуван од страна на секоја власт за прогон, вели лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

– Што ви е виновен Владимир Тодоровиќ? Една чаша вода се нема напиено од Општина Центар, еден литар гориво нема потрошено, една плата нема земено човекот, што ви згреши? – вели Јакимовски.

На темата Закон за амнестија, Јакимовски смета дека таков закон треба да се донесе и да ги опфаќа и случаите како 27 април.

– Доколку не се донесе Закон за амнестија треба да се започне истрага со колку пратеници е изгласан Талат Џафери, вели Јакимовски.

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски смета дека треба да се објасни содржината за законот, затоа што во јавноста се создава погрешна перцепрција.

– Амнестија се носи за луѓе кои од мака краделе, кебапи, леб, храна и слично, не за мултимилионери. Таканаречената опозиција излегува и вика дека нема да го поддржи законот, два дена потоа вели државата го суди оној за ќебапчиња, а не оној за дрога, ама тоа е популизам, вели Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: По 23 години, правичната застапеност конечно…

По 23 години чекање, одложувања и неисполнети…

„Сакам да работам“: Премиерот падна во замката…

Жалиме што и актуелниот Премиер влезе во…

Исмаил: 500 метри оддалеченост само од училиштата…

Потпретседателот и пратеник на Левица - Реџеп…

Левица: Власта нуди шминкерски закон кој единствено…

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го…

Следната недела СДСМ го промовира новиот закон…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче во поткаст…