(Во живо) Ковачевски: Избори ќе има во редовниот термин во 2024, не прифаќаме уцени од опозицијата
Започна средбата на претседателот на Владата Димитар Ковачевски со владината коалиција. На средбата се присутни лидерите од сите коалициони партнери на Владата.
Целта на денешната средба е да се потенцираат силните активности на Владата во насока на водењето на економските политики во земјава во услови на светска криза. Коалиционите партнери предвидено е да разговараат за мерките и поддршката за зголемување на стандардот на граѓаните во овој период на најголема економска криза како и политиките поврзани со евроинтеграциите.
На средбата уште еднаш ќе биде реафирмиран ставот за стратешките приоритети на државата, ќе се разговара за евроинтеграциските процеси и разговорите со Бугарија. Исто така Ковачевски потенцираше дека избори ќе има во редовниот термин во 2024 и дека не прифаќаат уцени од опозицијата.
Премиерот Ковачевски има изјава за медиуми заедно со лидерите од владината коалиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…