(Во живо) Митовски: Секој кој ја бара правдината ќе ја види вистината

t

Најновата епизода „Тешки Муабети“ на Инфомакс започна со дискусија околу темата со Украина и последните провокации и жртви за кои слушаме оттаму, кои пак заедно со масовната евакуација на жителеите како и повиците за мобилизација на воено-способното население навестуваат дека конфликтот е можно да избувне секој момент.

Водителите Јанко Илковски и Милош Милошевски очекуваат дека војната би може да започне дур трае емисијата, поради што Јанко истакна дека од терен не се известува реално.
„Јас би можел да верувам само ако ти си на терен, па да ми се јавуваш во живо“ – Истакна Илковски додаде дека нема медиум како Инфомакс кој ги објавува двете страни и непристрасно информира за конфликтот и го запраша Митовски, како е правилно да се гледа на конфликот, на што тој одговри со поговорка: „Секој што ја бара правдината ќе ја види и вистина, без разлика кои се двете страни.“, вели тој.

Тие упатија критики кон актуелната министерка за одбарана, Славјанка Петровска, за ставот на Македонија околу Руско-Украинската криза. Министерката изјави дека Македонија е спремна да се вклучи во операции на НАТО околу источно европските кризи доколку постои таква потреба. –

„Не знам од каде е таква дрскост и непромисленост од Славјанка, и конечно, од Владата и премиерот Таче кој дозволи негов министер да се меша во такви големи конфликти, да влегуваме во такви муабети и конфронтации со светска веле сила“, коментира Илковски

За изјавите на Петровска реагираше и руската амбасада во Македонија од каде велат дека со изненадување ги следат изјавите што ги дава министерката за одбрана, во однос на ситуацијата со Украина. За руското дипломатско претставништво спорни се две изјави на министерката од 23 и 24 јануари, при што првиот пат посочила дека „поставувањето на вооружените сили од страна на Руската Федерација е провокативно и има дестабилизирачко дејствување“, а со втората изјава најавила „изготвување анализи за можностите за потенцијално учество“ на македонската Армија во случај на руска инвазија на Украина.

За време на емисијата се потсетија и на катастрофалните последици и огрмните загуби кои што се случија за време на бомбардирањето на Србија. Илковски посочи дека Македонците во тие моменти се однесувале како по исплашени од Србите, на што Милошевски се надоврза: –
„Во војна народот секогаш губи, обичниот човек. Низ историја ги гледаме војните низ бројки. Кога ќе умре 1 е трагедија, кога ќе умрат илјадници е статистика“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Портпаролот на ЕУ: Војната во Украина ќе…

Европската унија има јасен и дефиниран став…

(Видео) Трамп: Лично ќе го предупредев Путин…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека…

Пукна брана на реката Урал, илјадници руски…

Околу 4.000 домаќинства со најмалку 10,000 жители…

АТЕНТАТ НА ВИСОК РУСКИ ФУНКЦИОНЕР: Го избоделе…

Гувернерот на областа Мурманск, Андреј Чибис е…

Земјите на НАТО формираа заедничка мисија во…

Земјите на НАТО формираа заедничка мисија во…