(Во живо) Митовски со најава за криминалите на ДУИ и Шилегов

t

„Единствена светла точка кај нас е Данела. Го сруши Заев, го сруши СДСМ, го сруши Шилегов, направи СТОП!“ – Вели Илковски во денешното издание на Тешки муабети.

„Заев се истрча, јас бев убеден дека нечесно ќе ги добијат изборите, и они беа! Јас бев прво разочаран, јас бев дете на Коце, ќе се пикне во шахта и ќе рече вака и вак треба и наеднаш доаѓа дамава, шарматна, систематски решава. Ние имаме нова личност, секоја чест на ВМРО-ДПМНЕ што имаше сенс да ја подржи.“ – Додаде тој.

„Јас имам еднен збор за неа: Работник„ – Истакна водителот Милошевски.

Илковски истакна и дека „Пред се, го знае начинот како современо треба да се менаџираат работите, направи протоколи. Во овој момент, јас на Данела би и го дал министерството за здравството.“

„Она покажа дека градот може да се украси со нула денари. Колку им беше неверојатно, што на плоштад фирми дошле да постават бини без да потрошат милионче. Не им беше јасно, прашуваа на пресконференции. Тој е тој клептомански синдром во СДСМ.“ – Се вклучи Митовски во разговорот.

„Кога сме веќе кај нивниот синдром, дали знаете како се крадел буџетот на Скопје, пример зоолошката градина.
Во зоолошката градина иако имаа некои кампањи, оној дел, правењето на атракцијата за пингвиниве е за пола милион евра, но секојдневно се печалеле пари од билети, на десет илјади продадени билети, нискуцани се сто.“ Обзнани Митовски.

ТОј потсети и на скандалот со ЈП Градски паркинг, со дупликат фискални каси кои не се пријавен во УЈП. ТОј најави и криминал поврзан со ДУИ и со поделбата на автпатите, односно на приходите од патарините.

„Друга информација е со јавниот паркинг на ЈП на Град Скопје, со Павле Трајанов, со фиктивно, односно дупликат фискални каси, не со оние пријавените на УЈП, туку на ликвидирани фирми, без даночен број. Има уше една ваква ситуација, но не за Град Скопје. Дали сте забележале на наплатните рампи кога се оди кон југ, има МТАГ за бесконтактно плаќање. Истиот тој систем од Скопје до Охрид го нема. Зошто? Истата финта со паркинзи. Ти дава фиктивна фискална, парите одат во штаб на ДУИ. Автопатите се поделени, овој е наш, тој е ваш. Тоа е неформален договор помеѓу ДУИ и партијата на власт. За ова ќе пишувам наскоро.“ – Истакна Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Џафери е добро решение за технички…

Сметаме дека Талат Џафери е соодветно и…

Таравари: Ќе го поддржиме Џафери за премиер

Ова е договор меѓу ДУИ и СДСМ…

СДСМ: Мицкоски да излезе пред граѓаните и…

Од СДСМ порачуваат Христијан Мицкоски да не…

Се очeкува Јован Митрески да биде предложен…

Неофицијално се дознава дека на овој состанок…

ДУИ ОДЛУЧИ! Талат Џафери нов премиер на…

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција…