(Во живо) Нема листа на религии па да се избере од неа: Секој граѓанин сам кажувал што е и вака се појавија тие 200.000 христијани

t

Во денешната епизода на Тешки муабети специјален гостин беше директорот на ДЗС, Апостол Симовски.

Се спомена реакцијата на евангелско-протестантските христијани кои реагираа дека има грешка во бројките на жители со нивната религија.

Пасторот на евангелско-протестантските христијани вели дека има грешка во софтверот за попишување и станува збор за дискриминација бидејќи таква графа односно опција за религиската припадност немало можност да се попишат. Исто така пасторот истакна дека не може да им верува на резултатите од пописот и според низа други параметри.

Директорот на ДЗС објасни дека графата за религија била празна:

“Графата е празна и не смееше да има листа на религии за да не се прејудицира, или наведува некој на религија. Тука е одговорот и со 200.000 христијани, за жал нашите граѓани мислеле дека кога ќе кажат христијани се подразбира кое. Попишувачот не смее да влијае на ова. Ја признаваме грешката кај евангелистите, но нема грешка во бројката туку само пермутација во текстот, ние таа грешка ќе ја исправиме. Попишувачот не смее да наведува и да прејудицира.” – објасни Симовски.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=651464159262700&notif_id=1649013298184886&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МАЕИ разочарани од одговорот на писмата за…

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса…

Нова влада Црна Гора, прва одлука на…

Парламентот на Црна Гора рано утрово, по…

Во Албанија денеска почнува попис на населението…

Во Албанија денеска почнува една од најзначајните…

На Бугарија и “снема” скоро 845.000 државјани…

Според податоците од последниот попис, за десет…

“Македонски” попис и во Хрватска: Им фалат…

Државниот завод за статистика ги објави конечните…