Објавено на:

(Во живо) Погребот на Навални продолжува; Пробиени полициски бариери, толпата скандира: „Путин е убиец“

t

Поранешниот руски опозициски лидер Алексеј Навални треба да биде погребан денеска, но членовите на неговиот тим тврдат дека се уште се соочуваат со тешкотии при организирањето на церемонијата. За тоа време, дел од топлата која дојде на погребот на Навални, скандираше „Путин е убиец“. Имале и мали нереди, полицијата го ограничуваше пристапот, а граѓаните ги пробија кордоните. Руските власти најавуваат одговорност за ваквото однесување.

„Непознати лица се јавуваат во мртовечниците и им се закануваат ако прифатат да го преземат телото на Алексеј“, се пожали портпаролката. Погребот треба да се случи во Маржино, на периферијата на Москва. Планот е комеморацијата да започне во 14:00 часот по московско време во црквата.

Погребот треба да се изврши на блиските гробишта Борисовскоје во 16:00 часот по московско време. Погребот ќе се пренесува во живо на Јутјуб каналот на Навални. Навални почина на 16 февруари во руски затвор во Арктичкиот круг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…

Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…

Сенатот на САД го усвои Законот за…