(Во живо) Путин го повика Западот на мир и соработка: Светот има само 2 избора
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на панел во московскиот институт Валдај. Главна тема на панел дискусијата е „Мир со хармонија“.
Порака до НАТО:
Путин нагласи дека Русија се обидува да соработува со големите земји, но дека НАТО создава проблем.
– Се трудиме да соработуваме со големи земји, но има НАТО. Имаме порака за НАТО. Да престанеме да бидеме непријатели, да живееме во хармонија, да му дадеме шанса на дијалогот и мирот – рече Путин.
Според него, целта на НАТО е да ја ослаби Русија.
Според Путин, причина за започнување на специјалната воена операција била безбедноста на луѓето во Донбас.
– Нема да зборувам повторно за проширување на НАТО алијансата и игнорирање на нашите безбедносни грижи. Луѓето во Донбас со години живеат во пекол. Знаевме дека не можат да преживеат сами. Затоа станаа дел од Руската Федерација. Да не покреневме специјална операција, тоа ќе го направеше Киев – рече Путин.
Рускиот лидер додаде дека пучот во Украина воопшто не бил целта на специјалната воена операција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…