(Во живо) Спасовски: Лице од семејството им кажало на монструмите кога Вања ќе излезе од дома, сакал да изнуди пари од мајка и

t

Едно од осомничените лица во договор со член на семејството го организирале кривичното дело со цел да изнудат пари од мајката на Вања, соопшти пред неколку минути министерот за внатрешни работи Оливер Спсовски. Тој информира дека досега се осомничени пет лица од кои тројца се во притвор, едно е надвор од земјата, а приведен е и таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска чие беживотно тело вчера е пронајдено во околина на Скопје.

-Мотивот е користољубие при што едно од лицата, во договор и со знаење со член на семејството го организира извршувањето на кривичното дело со цел да изнудат пари од мајката, наведе Спасовски.

Тој додаде дека второто лице од Велес, кое исто така е пронајдено мртво немало врска со Вања, ни имало нерачистени односи со организаторите на злосторството.

-Со негово возило е земена малолетничката откако претходно таткото споделил информација со организаторот за денот и времето на нејзиното излегување. Главен организатор и извршител со пиштол, на 27 номеври, околу 10 часот ја усмртил малолетничката откако се исплашил дека ќе бидат откриени, рече Спасовски.

Инаку, девојчето било грабнато од влезот на својата зграда, беше објаснето.

Прес-конференцијата се уште трае…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…

Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…

НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…

Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…

ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…

Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…

Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…