Во Загреб уапсен, па ослободен Горан Грујевски, поранешниот началник на Петтата Управа

t

Во Загреб е уапсен поранешниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујевски, кој МВР го бара со меѓународна потерница. Како што дознава Алсат, тој бил уапсен синоќа околу 21 часот на аеродромот во главниот град на Хрватска.

Грујевски бил пуштен откако лица од грчката амбасада во Хрватска го посетиле и побарале негово итно ослободување, бидејќи Грујевски има азил во Грција.

Според првичните информации, Грујевски бил во посета на неговиот син кој студира во Хрватска.
Горан Груевски, заедно со неговиот колега Никола Бошковски, избегаа во Грција во 2017 година, каде што побараа политички азил по обвиненијата против нив во случајот „Таргет-Тврдина“ на поранешното Специјално обвинителство, поврзан со нелегалното прислушување во Македонија.

Со измените на Кривичниот законик, Кривичниот суд Скопје на 17 октомври 2023 година донесе решение за запирање на кривичната постапка против обвинетите Горан Грујевски, Сашо Мијалков и уште 4 други обвинети за кривични дела злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување поради застареност на делата. Сепак, судењето продолжува за делот поврзан со уништувањето на опремата за прислушување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груби до Силјановска: Време е да запрат…

Продолжуваат реакциите по говорот на кандидатката за…

Пендаровски: Фрчковски давал наредби на Павле Трајанов…

Жестока дебата меѓу кандидатите за претседатели Стево…

Силјановска: Ние ја прифаќаме преговарачката рамка со…

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана…

Зеленски: Мора да ја забрзаме испораката на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека…

Зајкова: Истите оние кои заедно сценираа конфликти…

„Истите оние што заедно сценираа конфликти и…