Во земјава засега само еден случај на омикрон – нови рестрикции нема да има

t

Во земјава засега има само еден случај на новиот сој на КОВИД-19, омикрон, а епидемиолошкота состојба останува стабилна. За време на новогодишните празници надлежните сметаат дека дополнителни рестрикции не се потребни, бидејќи како што велат, ситуацијата е мирна.

Инаку, согласно последната статистика, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 119 случаи на КОВИД-19, од направени 2.324 тестирања. Оздравеле 257 пациенти, а починале три лица.

Со ова, во земјава досега има вкупно 223.330 ковид-дијагностицирани лица од почетокот на пандемијата. Оздравеле вкупно 210.732, а починале 7.907 пациенти. Има вкупно 4.691 активни случаи.

Засега останува само еден случај на омикрон, и тоа кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија. Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски.

Епидемиолошката состојба останува стабилна, а како што најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, во текот на следната недела ќе се направи дополнителна анализа.

– Засега е само тој еден случај на омикрон. Имајќи предвид дека е случај кој што доаѓа од странство, мислам дека треба да се направи дополнителна анализа во текот на следната недела. Сепак, тоа што е присутен во регионот може да значи дека е заради честите комуникации и патувања на нашите граѓани во соседните земји, изјави вчера Филипче.

Тој исто така додаде дека нема зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи, а болниците и натаму работат без притисок од зголемен наплив на пациенти.

Токму поради тоа, министерот останува на ставот дека нема потреба од какви било дополнителни рестрикции. Филипче смета дека сите земји во светот треба да научат да живеат со општите превентивни правила и зголемување на степенот на вакцинација и тоа е излезот од оваа криза.

Задолжителната вакцинација, мерките за патување и непреполнување на затворените простории според ресорниот министер, се сосем доволни.

– Животот постепено се нормализира, некаде целосно е нормализиран и сметам дека овие превентивни мерки се сосем доволни. Замислете да имаше огромен број пациенти и преоптоварени ковид-центри. Сега ковид-центрите не се по лни зошто нема пациенти, нема приеми ниту во ковид-центрите во Скопје, ниту ширум државата. Во огромен број од инфективните одделенија практично нема хоспитализирани, рече Филипче, посочувајќи дека десетина инфективни одделенија се празни.

Исто така, дел од пациентите кои се дијагностицирани се праќаат на домашно лекување зошто имаат полесна клиничка слика.

Сепак, сојот омикрон забрзано се шири низ државите во светот, па и на Балканот. Во Косово до неодамна беа потврдени вкупно девет случаи.

Претставници на Институтот од Косово прецизираа дека два случаи се регистрирани кај лица кои дошле во Косово од САД, два кај лица од Лондон и еден од Франција. Четири случаи се потврдени кај лица од Јужна Митровица и се работи за лица рекле дека не патувале никаде ниту имале контакт со лица кои не се од Косово.

Институтот, заедно со косовското Министерство за здравство, ги повика граѓаните строго да се придржуваат до анти-ковид мерките и да се вакцинираат.

Во Турција пак, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 20.138 случаи на коронавирус и 173 починати лица.

Во текот на вчерашниот ден од ресорното Министерство во Турција информираа дека повеќе од 128,66 милиони дози вакцина против КОВИД-19 се дадени во рамките на кампањата за масовна вакцинација која во Турција почна на 14 јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Засилени мерки за безбедност во трговските центри…

Министерството за внатрешни работи им порача на…

Инфлацијата се намали, мерките дадоа резултат, велат…

Мерките и политиките на СДСМ во насока…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…