Во изминатите 24 часа без поголем земјотрес кај Санторини
Во изминатите 24 часа во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос не беа регистрирани земјотреси посилни од 4 степени, иако продолжува сеизмичката активност со помали потреси, јави дописничката на МИА од Атина.
Вчера наутро беа регистрирани два земјотреси со јачина од 4,9 и 5 степени, што воедно беа и последните со магнитуда од над 4 степени, додека најсилниот во серијата земјотреси од изминатите седмици беше регистриран минатиот понеделник и беше со јачина од 5,3 степени според Рихтер.
Лидерот на СИРИЗА Сократис Фамелос денеска ќе го посети Санторини, додека надлежните комисии за процена на сеизмичка опасност и за мониторинг на вулканската активност при Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција попладнево ќе одржат нов состанок за да ја оценат ситуацијата.
Поради сеизмичка активност, училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи и оваа седмица, трета по ред, се затворени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…
(Видео) Мицкоски: ЕУ останува стратешка определба, ставот…
Премиерот Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
„Фемицидот мора да се спречи пред да…
Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“…
Студентската листа ја освои Србија, сега отвора…
Претставници на Студентската листа, која победи на…