Во изработка е нов проект со кој ќе се реконструира оштетениот потпорен ѕид
Во денешното гостување на утринската емисија „Добро утро, Македонијо“ на МРТ 1 директорот на ЈП Улици и патишта Скопје, Борис Настов изјави дека се работи на изготвување на нов проект со кој ќе се реконструира оштетениот потпорен ѕид на булеварот Борис Трајковски во населбата Пинтија.
Веднаш после пријавите од нашите сограѓани излеговме на терен и заедно со екипите на јавните претпријатија на градот Скопје со цел заеднички да превенираме за да спречиме уште поголема катастрофа. Првично интервениравме со расчистување на градежниот и земјан материјал кој ја беше зафатил пешачката патека и дел од булеварот со цел да се олесни движењето на возилата, а потоа пристапивме кон санација на потпорниот ѕид“, истакна Настов.
Директорот Борис Настов истакна дека покрај справување со компликациите и расчистување на теренот, паралелно се работи на квалитетен проект за санација и реконструкција на потпорниот ѕид, поради функционална и безбедносна причина со кој би се олеснило движењето на граѓаните и возилата кои транзитираат на овој потег.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…