Во израелските напади во Газа за 24 часа убиени 100 Палестинци

t

Повеќе од 100 Палестинци загинаа во израелските напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство на територијата контролирана од Хамас.

Во израелските воздушни напади во централниот и јужниот дел на Газа загинаа најмалку 68 Палестинци, соопштија здравствените власти, а уште 24 тела останаа затрупани под урнатините, пренесоа американските медиуми.

Во јужниот град Рафа, централниот град Деир ал Балах и бегалскиот камп Нусејрат, беа пријавени штрајкови.

Денеска во бегалскиот камп Џенин, на Западниот Брег, каде што има помалку жртви, беа погребани две лица чии тела беа завиткани со знамињата на борбената група Исламски џихад.

Вкупниот број на загинати во Газа од почетокот на војната на 7 октомври се зголеми до 29.514. Иако вкупниот број вклучува и цивили и борци, Министерството објави дека жените и децата сочинуваат околу две третини од загинатите.

Политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханија разговарал со египетските власти за можен прекин на огнот во Газа што ќе бил проследен и со размена на заложници кои Хамас ги држи во Газа за Палестинци во израелските затвори, се наведува во денешното соопштение на Хамас. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемен интензитет на сообраќајот, чекање до 40…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Хорор на коњски трки во БиХ: Влетал…

Тројца луѓе се повредени во драматичен инцидент…

Како Јотова лови гласови на темата Македонија:…

Бугарската претседателка Илијана Јотова повторно ја отвори…

Џил Бајден не ја исклучува можноста дека…

Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден,…

Путин ја прогласи „Единствена Русија“ за воена…

Рускиот претседател Владимир Путин, во својот говор на…