Во име на партијата ќе укинете народ, ќе се изедначите со четите што ја набија главата на Дуља на кол – Божиновски со апел до пратениците на СДСМ

t

“Централниот одбор на сдсм го прифати францускиот предлог”

Другарчиња од сдсм, посебно пратениците, не верувам ова ќе стигне до вас, но состојбата е очајна, а очаен човек се фаќа за сламка.

Еднаш во животот бидете прво Македонци па после партисти пратеници. Ова предавство, не се сомневајте дека е нешто друго освен тоа, не смее да помине, а ако помине ќе бидете запишани на истите страни во историјата со фашистичките соработници, со крвниците кои ги убија младите во Ваташа, со контрачетите кои ја набија на кол главата на Дуња, со оние кои ги убија Страшо, Димов, Стив, Корчагин, Циривири, со оние кои го предадоа Гоце. Тоа ќе ви е дамка што ќе се влече со генерации, тој потпис ќе остане и за внуци и правнуци, овде уште се памти кој бил партизан кој бил соработник.

Во име на партијата ќе укинете народ, ќе укинете држава. И сигурен сум дека притисокот е огромен – некаде со сила, некаде со ветувања кои звучат како да сте фатиле златна рипка. Верувам дека гледате какви оркестрирани напади се вршат кон сите ваши кои застанаа против предлогот. Најдолни и најмизерни, за жал до таму дозволивте да ви стигне пратијата. Ако речете “не” сигурно и на вас ќе удрат. А сепак – правдината ќе е на ваша страна. А тоа ниедна фабрика на ботови не може да го победи. Народот ќе е на ваша страна. Малку храброст да се направи вистинската работа ќе ве внесе во историјата како победници!

Земете ја партијата во свои раце од оние кои ја укинуваат Македонија. Потоа ќе биде касно и за каење…

* Фејсбук статус на Божидар Божиновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците…

СДСМ се огласи по повод изјавата на…

СДСМ бара Таравари да поднесе оставка

Социлајдемократскиот сојуз бара од министерот за здравство…

СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во…

„Зголемените трошоци за живот се претворија во…

СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?

„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…

Починале 20 бебиња за 6 месеци –…

„Сериозно загрижувачки се статистиките за смртноста на…