Во индиската држава Бихар во последните 24 часа од топлотен удар починале 29 лица
Во индиската сојузна држава Бихар во последните 24 часа починаа 29 лица, а повеќе од 200 се разболеа од топлотен удар, поради рекордно високите температури од над 45 Целзиусови степени во поголемиот дел од земјата.
Според официјалните податоци, најмногу смртни случаи (12) имало во областа Аурангабад, каде живата се искачила над 48 степени Целзиусови.
Шест смртни случаи биле пријавени во областа Бојпур, а по четири во Рохтас и Џеханабад, јавува индиското радио AIR.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во индиската држава Бихар во последните 24…
Во индиската сојузна држава Бихар во последните…
Драма во Гостивар: Го удрил со кола,…
МВР соопшти дека вчера (9.12.2023) во 13…
(Видео) Кола удри репортерка дур известуваше во…
Гледачите на телевизија во Западна Вирџинија се…
(Видео) Човек преживеа директен удар од гром
Чувар на фирма во Индонезија преживеа директен…