Објавено на:

ВО ИСТАНБУЛ НЕ СЕ ДИШЕ! Регистрирана рекордна влажност на воздухот од над 95%

t

Жителите на Истанбул имаа тешка ноќ поради рекордно високата влажност. Во многу области на градот таа беше над 95%, јавува турската телевизија НТВ.

Просечната температура измерена синоќа во турската метропола изнесуваше 28,3 степени.

Рекордно висока влажност е измерена во областа Аташехир во азискиот дел на градот – 99 отсто, информира НТВ.

Голем дел од жителите на околината не можеле да спијат синоќа поради мачните климатски услови.

Висока влажност од над 95% е забележана и во регионите Бешикташ, Бејоглу, Чаталџа, Кјагутане, Саријер, Силиври, Шишли, Јумраније.

Во меѓувреме, весникот „Милиет“ информира за температурен рекорд во округот Хатај (Јужна Турција, на границата со Сирија), каде што поради високата влажност вчера температурата од над 40 степени се чувствувала како 62,3 степени Целзиусови. Најтешка била состојбата вчера во градот Арсуз, каде влажноста била над 90%.

„Милет“ пишува дека поради жештините вчера почнал да се топи асфалтот на многу места во Турција, вклучително и во северозападната област Бурса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва тврди дека погодила трговски брод во…

Руските вооружени сили попладнево продолжија со координирани…

Силно невреме во Италија, жена загина во…

Невремето што од вчера ја погодува Италија…

Врнежи, ветер и заладување за време на…

Под влијание на циклонска активност за време…

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

Поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски изнесе…

(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата…

Четворица мажи биле избодени денеска попладне во…