Во иста држава живееме? Каевски вели со влезот во НАТО се зголемиле странските инвестиции

t

Со зачленувањето во НАТО заокруживме една од стратешки цели на државата, рече пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски во гостувањето во Топ тема.

-Веќе имаме затворено едно големо поглавје и сега останува второто поглавје, а тоа е членството во Европската унија. Видовме колку многу придобивки носи членството во НАТО, дава сигурност особено со она што се случува на тлото на Европа, со руската агресија во Украина. Самата желба на Шведска и Финска да бидат час поскоро во НАТО ги покажува мудрите одлуки што сме ги донеле, рече Каевски.

Тој додаде дека за минатата година имало странски директни инвестиции во вредност од 735,8 милиони евра.

-Тоа е дополнителен мотив за нашите заложби за членство во ЕУ. НАТО ја дава сигурноста, особено во услови какви што имаме во оваа последна година. Ние го исполнивме ветувањето што го дадовме пред граѓаните. Овие три години увидовме дека имаме правилен исчекор, нагласи Каевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…

Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…

Секој кој ќе ги исполни условите може…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

„Путин нè тестира и нè приближува до…

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…