Во ИЈЗ вработени плаќале по 200 евра за да бидат евидентирани како присутни

t

Околу 20-30 луѓе во период од 6-7 години не се имаат појавено на работа во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), а земале редовно плата. Сите биле уредно регистрирани во системот за евиденција на работа, за што им плаќале на одредени колеги по 200 евра. Вработени во Институтот, освен редовната плата, земале и пари преку договор за дело, за извршување на работи како полевање на двор, рече денеска директорката на Институтот, д-р Марија Андоновска.

„Одев по канцеларии и ги прашував: Извинете, вие што работите, како јас можам да ви помогнам, да ве мотивирам, еве во иднина што би можеле подобро да сработиме, како вие како работник би биле помотивирани да работиме?’ И тој вели: ‘Па не знам.’ ‘Кажете ми, еве ако не ви текнува сега, можете да ми соопштите. Баш ме интересира која е вашата дневна обврска. Еве денеска што завршивте од работите?’ После моите инсистирања, ми викаат: ‘Знаете како, па јас не доаѓам баш на работа’. Најголем дел таквите си заминаа сами, бидејќи тие практично си имале и други работни обврски и самите си заминаа““, вели Андоновска.

За поранешниот директор Шабан Мемети рече дека земал плата над 100.000 денари спротивно на колективниот договор, а вработувал и административци без положен административен испит…..

Андоновска вели дека за овие неправилности веќе ги известила дел од надлежните институции и очекувала обвинителството веќе да реагира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Русија се обидува да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Се бара укинување на ветото во ЕУ,…

11 земји членки на Европската Унија побарале…

Кипар со најголем пад на туризмот во…

Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…

Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…

Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…