Во Карпош се прави прифатилиште за кучиња

t

Во скопската општина Карпош се спроведуваат активностите за изградба на дел од прифатилиште за бездомни животни зад кое стои здружението „Шепасти ентузијасти“. Ова невладина организација е во финална фаза на изградбата на прифатилиштето за бездомни животни, а за што добива и донации.

Презентација на овој проект за изградба на дел од прифатилиште за бездомни животни на територијата на Карпош беше пред членовите на Советот на Општина Карпош на нивната мината седница. По ова, членовите на Советот на последната одржана седница одлучија да ја поддржат иницијативата.

Според одлуката, општина Карпош ќе донира 300.000 денари за реализација на оваа идеја.

– Имено, членовите на ова граѓанско здружение кое официјално е регистрирано во 2019 година, со планираните средства кои ќе ги добијат од Општината, ќе изградат дел од прифатилиште со 10 дополнителни боксови за згрижување на уште 50 животни, кое ќе функционира како центар за рехабилитација и хидротерапија, соопштија од локалната самоуправа на Карпош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канделабрата во паркот во Карпош ја откорнало…

Од МВР информираа дека е расчистен случајот…

Кучиња нападнале мајка со малолетни деца во…

Две кучиња нападнале мајка со дете во…

Без струја делови од Карпош, Центар и…

Без електрична енергија денеска ќе останат делови…

Мајка нападнала дете во игротека во Карпош

На 17.05.2026 во 22:30 часот во СВР…

СДСМ бара вонредна седница на Советот на…

„После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно…