Во Кина евакуирани повеќе од 1,7 милиони луѓе поради тајфунот Бави
Тајфунот Бави синоќа пристигна до брегот на источната кинеска провинција Џечијанг. Претходно беа евакуирани над 1,7 милиони луѓе поради силниот ветер со брзина од 144 километри на час.
Тоа е втор тајфун што ја погоди Кина во изминатите девет дена. Првиот тајфун Мајсак го погоди брегот на јужна Кина на 3 јули. Бави претходно донесе обилни дождови и силни ветрови во југозападниот дел на Јапонија и се приближи до Тајван, каде вчера беа евакуирани повеќе од 14.000 луѓе.
Иако слабее интензитетот на тајфунот, Бави и понатаму претставува опасност поради големата влага што се задржува во дождовните појаси. Тајфунот Бави не ги погоди Филипини, но поради него се зголемија монсунските дождови што предизвикаа поплавите и свлечиштата при што загинаа 17 луѓе. Поради временските услови во јужниот дел од земјата, евакуирани се повеќе од 11.000 луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мемов, Славески и Трајкова: Пензионерите да бидат…
Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско…
(Видео) Најверојатниот иден премиер на Србија: Иран…
Дејан Шошкиќ од српската Студентска листа го…
Рокас: Годинашниот извештај е подобар од претходниот,…
Евроамбасадорот Михалис Рокас оцени дека Македонија во…
Последен пат го направи ова денот кога…
Руското Министерство за надворешни работи повторно им…
Остар пад на Волстрит: Се избриша постизборниот…
Американските берзи забележаа силен пад во четвртокот,…