Во Клиниката „Козле“ хоспитализирани 4 деца со голема кашлица

t

За една недела регистрирани се 43 нови случаи со голема кашлица. Според податоците од Институтот за јавно здравје најголем дел се од Скопје и тоа деца на училишна возраст од 10 до 14 години. Заболени пријавени се и во Тетово, Гостивар и Битола.

Во моментот на болничко лекување во Клиниката за респираторни заболувања кај децата “Козле” со пертусис хоспитализирани се 4 пациенти, три се доенчиња на 3,4 и 7 месеци, а едно дете е на 4 годишна возраст.

– Сите три доенчиња се стабилни, имаат клиничка слика на голема кашлица, меѓутоа нивнасостојба е стабилна и немаат потреба од кислородна подршка. Имаме и предшколско дете кое е на 4 годишна возраст кај него имаме компликации пнеумоничен наод, но и тоа е стабилно, изјави д-р Мирјана Поповска, специјалист педијатар во Клиниката “Козле”.

Со почетокот на епидемијата во Скопје во Клиниката “Козле” бележат и зголемен број на амбулантски прегледи кај деца со симптоми на голема кашлица. Секојдневно во една смена имаат и по 4 – 5 вакви случаи, повеќето биле на училишна возраст со полесна клиничка слика и немале потреба од болничко лекување.

– Значи голем дел од децата се со онаа долготрајна кашлица која трае 2,3,4 недели, онаа сува кашлица. Кај поголемите деца кои примиле вакцини е онаа сува кашлица, но ги плаши родителите. Меѓутоа кај помалите деца доенчињата имаме типична клиничка слика на пертусис со зацрнување, помодрување, напади на кашлица кои траат подолго време, вели д-р Филип Доксимовски, специјализант во Клиниката “Козле”.

Инаку според последните податоци од скопскиот центар за јавно здравје бројката на заболени од голема кашлица во главниот град наднима 200.

Од 14.000 деца кои не биле вакцинирани пред почетокот на епидемијата, во половината примиле ДиТеПер во измиматите 2 месеци стои во извештајот од ИЈЗ.

Според најновата одлука на министерството за здравство по препорака на Комисијата за заразни болести од понеделник во градинка можат да одат децата имунизирани со 3 дози по последните 6 месеци, со услов за ревакцина најрано после половина година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Binance првпат се огласи за можниот безбедносен…

Криптовалутната берза Binance, според објава на социјалната…

Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…

„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…

„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…

САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…

Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…

ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…