Во Клиника Жан Митрев – првпат во Македонија успешна операција на редок спинален тумор
Во Клиничката болница Жан Митрев, неврохируршкиот тим предводен од проф. д-р Владимир Рендевски успешно изврши сложена операција, прва од ваков вид изведена во Македонија. Интервенцијата беше извршена на 29-годишна пациентка од странство со тумор во спиналниот канал во предел на сакралната коска.
Пациентката со месеци чувствувала континуирани болки во крстот и долж десната нога, кои не реагирале на претходно дадената терапија. Деталните дијагностички прегледи откриле туморска формација во ‘рбетниот канал што предизвикувала силен притисок врз нервните корени, што било причина за нејзините симптоми.
Со примена на современа микроневрохируршка техника, тимот на проф. д-р Рендевски прецизно го изолирал туморот од околните нервни структури и го отстранил во максимално можни граници. Оваа интервенција резултираше со значително намалување на симптомите и подобрување на општата состојба на пациентката.
Со оваа прва ваква операција, како и со досегашните интервенции на мозок и ‘рбетниот столб, Клиничката болница Жан Митрев ја потврдува својата целосна подготвеност и стручност за изведување на најсложени неврохируршки процедури. Од неодамна, болницата обезбедува и целосна 24-часовна покриеност за итни неврохируршки состојби, сите денови во неделата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Tоварно возило прегази велешанка
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне…
Директорот на Историскиот музеј „Крушево“ поднесе оставка
Директорот на НУ Историски музеј „Крушево“, Миха…
Утре без вода делови од Маџари и…
Поради изведување приклучок на водоводна мрежа со…
Шасивари: Втора шанса за Изборниот законик –…
Министерот за правда, Јетон Шасивари заедно со…
Рама го брани проектот поврзан со семејството…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…