Во кои општини има опасност изборите за градоначалник да не успеат
Според податоците на Државната изборна комисија за излезеноста на локалните избори до 17 часот, во некои општини може да се забележи многу низок процент на излезеност поради што постои опасност во овие општини да не биде избран градоначалник.
Имено, согласно член 132 од Изборниот законик, за да има победник денеска или за да има втор круг гласање по две недели, денеска мора минимум да гласаат 33,33% од избирачите запишани во соодветната општина.
„Во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина. Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градоначалник на градот Скопје не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина“, пропишува Изборниот законик.
Според податоците на ДИК, до 17 часот, најмала излезеност има во Центар Жупа со 19,15 проценти, Врапчиште со 20,94 отсто, Маврово-Ростуше со 25,89 проценти, Гостивар 28,02 проценти.
Излезеноста во Шуто Оризари – 30,38 проценти, Радовиш – 31,57 проценти, Пласница – 32,87 проценти, исто така е мала, но можно е да го надминат потребниот праг до затворањето на гласачките кутии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Два притвори, еден куќен притвор и мерки…
Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство…
„Гугл“, „Мета“ и „Тикток“ ја тужат Калифорнија:…
Технолошките гиганти Гугл, Мета и Тикток отворија…
Министерство за одбрана до ДУИ: Целата постапка…
По обвинувања од политичка партија за наводно…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Одложено денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува…
Судското рочиште за предметот „Државна лотарија“, кое…