Во Косово прогласен Ден на жалост

t

Повеќето од вооружените напаѓачи избегаа од манастирот – најмалку тројца се убиени, а двајца уапсени.

Во Косово прогласен е Ден на жалост, по смртта на полицаецот убиен од српски вооружени лица, кои потоа се забарикадираа во православен манастир северно од главниот град Приштина.

Веднаш не беше јасно кој ги поддржува околу 30-те вооружени напаѓачи кои беа облечени во борбени униформи и употребија оклопно возило за да упаднат во манастирот во Бањска и да се вклучат во судир во неделата со косовската полиција.

Повеќето од вооружените напаѓачи успеаја да побегнат од манастирот вечерта во неделата. Најмалку тројца од нив беа убиени, а двајца уапсени.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се обвинија меѓусебно за судирот.

Амбасадорот на САД во Приштина ги осуди, како што рече, „оркестрираните, насилни напади“ врз косовската полиција. Во изјавата, Џефри Ховениер рече: „Сторителите мора и ќе бидат повикани на одговорност и изведени пред лицето на правдата“.

Одделно, шефот на Мисијата на ОН во Косово, Каролин Зиадех повика сторителите „да одговараат“. Зиаде ги даде своите коментари на X, платформата порано позната како Твитер.

Србија и Косово во судир се со децении. Во војната меѓу нив од 1998 до 1999 година загинаа повеќе од 10 000 луѓе, главно косовски Албанци.

Во меѓувреме, во Русија, портпаролот на Кремљ рече дека ја следи, како што рече, напнатата и потенцијално опасна ситуација во Косово.

Косово прогласи независност во 2008 година, но Белград одби да го признае. Русија застана на страната на Србија за непризнавање на Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјe ќе добие голем клинички центар, веројатно…

„Кога зборуваме за здравството, зборуваме за нешто…

Целосно затворен патот Крива Паланка – Куманово…

Сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка…

„Непознати извори“ би можеле да ги нападнат…

Андреј Федоров, советник на Кремљ, предупреди дека…

Драматичен пад на сообраќајот: Само еден товарен…

Само еден товарен брод вчера минал низ…

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на…

По вчерашното одржување на првото судско рочиште…