Во Македонија НЕМА од небезбедните Кит Кат

t

Во државава нема од производот „вафли Нестле Кит Кат Мини“ којшто е повлечен од хрватскиот пазар, информира за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николе Бабовски.

– Производот повлечен од пазарот во Хрватска, во РАСАФ системот се уште не е нотиран. Нашите инспектори веќе се на терен и во поголемите ланци на маркети нема од тој производ. Има 125-грамски, додека 200-грамски и наполитанки со чоколаден прелив кои се третирани во Хрватска како небезбедни, кај нас на пазарот не се појавени, изјави Бабовски.

Тој најави дека контролата во супермаркетите ќе продолжи и во наредните денови.

-Очекуваме и соодветна нотификација од хрватската служба во РАСАФ системот и системот за брзо предупредување и информирање, рече Бабовски.

Хрватската Агенција за земјоделство и храна денеска објави дека производот вафли Нестле КИТ КАТ Мини е повлечен од пазарот поради присуство на минерални масла.

-Се повлекува исклучиво Несле Кит Кат Мини 200 g во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесе Дневник.хр.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборите во Израел без јасен победник: Арапите…

Претседателот на левичарската партија Демократи, Јаир Голан,…

Трамп: Наскоро состанок меѓу Путин и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува дека наскоро…

Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би…

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи предупреди…

Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на…

Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна…

САД НАРЕДИЈА ЕВАКУАЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПЕРСОНАЛОТ…

Американскиот Стејт департмент наредил повлекување на дипломатскиот…