Во Македонија нема таблети за дезинсекција на септички јами, кои се ризик за појава на комарци со западнонилска треска

t

Пет новозаболени од западно-нилска треска евидентирале здравствените власти, а заболени освен од петте општини каде е прогласена епидемија се евидентирани и во општините Центар и Чаир.

-Има 43 новозаболени од западнонилска треска, регистрирани се нови случаи во Центар и Чаир, рече министерот за здравство Сашо Клековски.

Тој рече дека денес ги собрал градоначалниците на општините од скопскиот регион за да се договорат какви превентивни мерки може уште да се преземат и дека од јавувањата на граѓаните во Центар е најден гавран за кој и лабораториски е докажано дека има вирус на Западен Нил. Тој појасни дека со градоначалниците лоцираат кои би биле високо-ризични места за појава на комарци, кои се преносители на вирусот. Дел од заболените минуваат без никакви симптоми, а кај повозрасните лица и луѓето со други хронични заболувања можна е појава на воспаление на мозокот. Досега од западнонилска треска починаа четири лица.

Ги поканив и општините кои не се дел од Град Скопје, оти скопскката котлина треба да ја третираме како целина. Целата е да ги лоцираме овие подрачја, а во некои општини како што е Сопиште нема високоризични подрачја, а има заболени исто е со Чучер Сандево, кое има високоризично подрачје на границата со Бутел. Во моментов работиме со 34 ризични подрачја од кои 13 се високо ризични, изјави Клековски.

Тој објасни дека места со висок ризик се оние каде има застојана вода со голема количина органска материја.

-Река која е проточна и има риби не е ризик, треба водата да е застојана и да има отпад, високоризични се каналите за наводнување во Скопско поле и ископи од песок наполнети со вода или каналите за наводнување, како што се Стајковци и Сингелич во Гази Баба, во Драчево, во Илинден, во Батинци и Студеничани, вели Клековски,

Тој рече дека со висок ризик се и населените места со септички јами, бидејќи во Македонија нема средство за дезинсекција на септички јами како што е по примерот во Грција и дека прават напори да го набават.

– Високоризични за појава на западно нилска треска не се урбаните средини, но луѓето секако патуваат и комуницираат и мора да се заштитат и тие. Се прават напори да се обезбедат таблети за дезинсекција на септичките јами, бидејќи има многу населени места кои немаат канализација, изјави Клековски.

Според него со висок ризик се и гробишта заради застоената вода во вазните и органски материјали во нив, како и отпадите за стари гуми.

Министерот рече дека каналите сега не може да се чистат, единствено што може да се направи да се испрскаат, и дека тоа веќе е направено  во Драчево и во Гази Баба.

-Центарот за јавно здравје Скопје нема доволно возила и  здружението на Песконтрол на раполагање ни стави 12 возила и 5 дронови за земјено прскање, како општествена одговорност од нивна странаа, изјави Клековски.

Тој рече дека продолжуваат со информирање со СМС пораки до граѓаните за мерките за лична заштита.

-Високоризчните места се надвор од урбаното подрачје на Скопје. Тоа е одлука на Центар за јавно здравје и има стандерди по кои постапуваат. Имало или немало прогласено епидемија мерки ќе ги правиме без разлика дали има епидемија, изјави Клековски во одговор на новинарско прашање.

Тој рече дека вирусот на западнонилската треска е од Африка, но тој е распространет и во Европа и Северна и Јужна Америка, а во Европа напогодени се медитеранските земји.

-Во Италија не се најпогодени најужните краишта, односно не е Сицилија, погодена е Северна Италија, регионот Ломбардија по текот на реката  По, во Грција не е најпогоден Пелопонез туку Атика и Централна Македонија, во Србија не е Врање, туку Војводина. Албанија лани имаше над сто случаи сега има три, во Италија имало години со 50 случаи но и години со 750 случаи, рече Клековски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…

Се обидуваме да ја развиваме државата, да…