Во Македонија се регистрирани околу 300 педофили, повеќето шетаат слободно: Наскоро ќе профункционира електронскиот регистер со нивни имиња!

t

Во Македонија има околу 300 регистрирани педофили, иако повеќето од нив се на слобода, веб-страницата на која можеме да видиме кои се тие, за да се преземат превентивни мерки за заштита на децата одамна не е функционална, додека во земјава секоја година има десетици сексуални напади врз деца.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за Алсат, вели дека се работи за софтверски проблем, и вети дека регистарот многу брзо ќе профункционира.

Според професорката по кривично право, Ведије Раткоцери, одржувањето и нормалното функционирање на регистарот е многу важно, бидејќи никогаш не се знае моментот кога некој треба да провери дали некое лице може да претставува потенцијална опасност за децата.

„Целта на овој регистар има превентивен карактер, наменет е за секој родител, старател или заинтересирано лице  кога се сомнева, па дури и без сомнежи,  сака да преземе превентивни мерки за нивното дете да не стане жртва на  било кој сексуален насилник, да го провери овој регистар за да види дали лицето кое има контакт со детето е регистрирано, тоа може да биде наставникот, тренерот, воспитувачот, новиот сосед кој дошол во соседството“, рече Ведије Раткоцери, професорка на УЈИЕ.

Само во последните четири години има вкупно 127 злосторства кон децата, меѓу кои и сексуални напади врз деца под 14 години, производство и дистрибуција на детска порнографија. Регистарот на педофили беше објавен во 2012 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…

Се обидуваме да ја развиваме државата, да…