Во Македонија 43 случаи на западнонилска треска – вирусот е потврден и кај мртов гавран
Во Македонија досега се регистрирани 43 случаи на западнонилска треска, информираше на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски.
Тој напомена дека во Скопје е потврден вирусот и кај мртов гавран, што е прв регистриран случај на птица позитивна на западнонилска треска.
„Комарците не познаваат општински граници, тие се движат од еден до два километри. Во Сопиште нема ризик, но има комарци. Во Чучер Сандево исто така. Во моментов работиме со 34 ризични подрачја, од кои 13 се високо ризични“, изјави Клековски.
Според него, проточните реки во кои има риби претставуваат помал ризик, бидејќи рибите се хранат со ларвите од комарци.
Многу поголем ризик претставуваат застоените води, особено оние во кои има и отпад.
Тој се заблагодари на граѓаните бидејќи имало голем број на дојави за мртви птици.
„Мртвите птици се собираат од АХВ и тоа помага да се прави натамошното лоцирање на ризикот од западнонилска треска“, рече Клековски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Угинување на риба во реката Треска, се…
Од СРЗ „Хантер Фиш“ синоќа преку социјалните…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…