Објавено на:

Во Малта жените ќе можат да абортираат само ако постои ризик по животот на жената

t

Парламентот на Малта едногласно усвои Закон за легализирање на абортусот, но само доколку постои ризик по здравјето на жената, што се смета за голем чекор за претежно римокатоличката нација.

Со тоа се олеснува најстрогиот закон за абортус во Европска Унија, но активистите ја повлекоа својата поддршка, тврдејќи дека промените во последен момент го прават законот „нејасен, нефункционален, па дури и опасен“.

Според одредбите на новиот Закон, на лекар му е дозволено да ја прекине бременоста без дополнителна консултација само доколку животот на мајката е во непосредна опасност. Жената чие здравје е во голема опасност може да добие пристап до абортус само по согласност на тројца специјалисти.

Илјадници Малтежани протестираа против Законот во декември минатата година. Владејачката Лабуристичка партија, која го поднесе првичниот предлог-закон, ги поддржа амандманите, додека опозицијата исто така излезе со поддршка по измените.

Коалицијата 14 групи за избор истакна дека барањето за тројца специјалисти е „неостварливо и опасно“ и предупреди дека дури и во случаи кога животот на жената е загрозен, „голема е веројатноста лекарите да бараат одобрение поради страв од кривично гонење“.

Малта е единствената од 27-те земји на ЕУ каде беше забранет абортусот од која било причина, пропишувајќи казна затвор од три до четири години ако и се помогне на жената да абортира. Законот ретко се спроведуваше, а последниот познат случај на некој да биде затворен датира од 1980 година. Сепак, претходно овој месец една жена беше обвинета според Законот против абортус, но не беше приведена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аризона ги забрани речиси сите абортуси

Врховниот суд во Аризона денеска го оживеа…

Најскапите ниви во Европа се на Малта,…

На ниво на Европската Унија, цената на…

Фото-галерија на Македонската фудбалска репрезентација од натпреварот…

Фудбалската репрезентација на Македонија на Фејсбук сподели…

Македонските фудбалери “се прошетаа во Малта”: Од…

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа го заврши септемврискиот…

Македонија води со 2:0 – Барди „снајперски“…

Македонија води со два спрема нула на…