Во март се издадени 26,6 отсто помалку одобренија за градење од март лани

t

Во март годинава се издадени 245 одобренија за градење, што е за 26.6 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најмногу одобренија за градење, 148, се за високоградба. Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 62, по што следуваат Скопскиот со 51, Југозападниот, 37, Југоисточниот, 34, Источниот, 24, Пелагонискиот, 15, и Североисточниот 3. За изградба се предвидени 618 станови, од кои 317 во Скопскиот Регион, 143 во Југозападниот, 76 во Југоисточниот,….

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 24. 574. 417. 000 денари, што е за 21.9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период се издадени одобренија за градба на ветерни паркови за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет до 128 MW на територијата на општините Штип, Радовиш и Карбинци, кои се со голема вредност.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 148 (60.4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 31 (12.7 проценти) и од нискоградба и 66 (26.9 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 245 објекти, на 136 (55.5 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 109 (44.5 проценти) деловни субјекти.

Предвидените 618 станови се со вкупна корисна површина од 53 718 метри квадратни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од…

Во овој момент активен е пожарот, кој…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…