Во масовната гробница во Изјум пронајдени се тела со врзани раце и јаже околу вратовите

t

Масовната гробница во која наводно се закопани над 440 тела, била откриена во шумска област во североисточниот град, кој минатата недела го напуштија руските сили. Украина вели дека голем дел од жртвите се цивили, иако обележјата на крстовите укажуваат дека се работи и за украински војници.

-Еве тука се закопани. Прво ќе направиме ДНК анализа, а мислам и дека телата ќе бидат есхумирани. , изјави Олег Котенко, комесар за случаи со исчезнати лица

-Некои се едноставно застрелани, други се жртви на артилериски оган или не експлозии на мини. Дел се убиени во артилериски оган. , вели Сергиј Болвинов, истражител во регионот на Харков

Изјум беше освоен од руските трупи во раната фаза на војната. Со месеци беше користен како клучен воен центар за снабдување на силите на исток, а минатата недела беше вратен под контрола на украинската војска.

-Буча, Мариупол, а сега за жал и во Изјум. Русија остава смрт насекаде и мора да одговара за тоа. , изјави Володомир Зеленски, претседател на Украина.

Дел од извештаите од терен укажуваат дека 80 проценти од градската инфраструктура е уништена. Но заминувањето на руската војска, не ги смири духовите меѓу локалните жители, кои сега се обвинуваат кој под руската опсада на градот бил патриот, а кој предавник.

-Вие сакате да знаете дали сум за Русија?! Не сум, ја сум за мојата земја. , вели жителка на Изјум

-Ја распродадовте Украина за малку храна. Ете, толку! , обвини нејзина сограѓанка.

-A, вие од Изјум ли сте? Од кого јадевте? , праша жител на градот.

Украина неодамна соопшти дека идентификувала повеќе од 20 илјади можни воени злосторства – вклучувајќи убивање цивили и силувања. Москва категорично негира дека целела на цивили и обвинува дека Киев и западот фабрикуваат докази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет активни пожари на отворено, три се…

На територија на државата денеска до 18…

Повеќе од 150 загинати и 600 исчезнати…

Најмалку 157 тела се пронајдени во разорните…

Ужасен напад врз автобус во Украина: девет…

Девет луѓе беа убиени во украински напад…

САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција

САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција…

Почина легендарниот актер Тим Кари

Актерот Тим ​​Кари, кој почина на 80-годишна…