Во Могила и Македонски брод ќе има втор круг иако независните се повлекоа

t

Двајцата независни кандидати за градоначалници на Новаци и Македонски брод, кои обезбедија пласман во вториот круг од локалните избори, јавно се откажаа од понатамошната трка, но Државната изборна комисија (ДИК) појаснува дека тоа нема да го спречи изборниот процес. Како што велат од ДИК, законот не препознава откажување во оваа фаза и нивните имиња ќе останат на гласачките ливчиња.

Станува збор за Сашо Пивковски, кандидат на група избирачи во Општина Могила, и Милосин Војнески, исто така независен кандидат во Македонски Брод. Двајцата преку објави на социјалните мрежи порачаа дека се повлекуваат од трката за да не поттикнуваат поделби во нивните општини.

И покрај овие јавни објави, кандидатите досега не доставиле никакво формално известување ниту до Државната, ниту до општинските изборни комисии.

Сепак, од ДИК се децидни дека дури и да го сторат тоа, повлекувањето е невозможно.

„Согласно член 155, став 5 од Изборниот законик, за секоја кандидатура се поднесува и писмена согласност, односно изјава која што е неотповиклива. Што значи дека согласно заклучокот за конечност на резултатите од првиот изборен круг… сите кандидати кои продолжуваат во вториот изборен круг… остануваат на гласачките ливчиња“, велат од Комисијата.

Ова значи дека во Могила и Македонски Брод регуларно ќе се одржи втор круг на гласање на 2 ноември, а гласачите ќе можат да гласаат и за кандидатите кои јавно се откажаа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од пеколна жештина до пороен дожд и…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм…

Гилотина е пронајдена во камион во близина…

Во САД, 35-годишен маж беше уапсен откако…

Комарец бил кобен патник: двајца вработени на…

Двајца работници на аеродромот во Франкфурт, Германија,…

Француски суд утврди дека радиоактивност е причина…

Француски суд за првпат го призна космичко…

Заменик-секретарот за одбрана на САД в четврток…

Високи европски дипломати ќе се обидат утре…