Објавено на:

Во нападите на Израел врз Либан загинаа 634 луѓе, од кои речиси сто биле деца

t

Во нападите на Израел врз Либан загинаа 634 лица, а 1.586 се ранети, објави денес либанското Министерство за јавно здравје.

Според дневниот извештај на Центарот за итни здравствени операции за развојот на израелската агресија врз Либан, во текот на изминатиот ден биле убиени 64 лица, а 142 биле ранети, објави државната агенција ННА.

Според податоците, од 2 март, кога Израел првпат го нападна Либан, убиени се 91 дете, а 275 се повредени. Исто така при нападите биле убиени 47 жени, а ранети се 301, додека убиени се 496 мажи, а ранети се 1.010.

Меѓу загинатите имало 15 здравствени работници, 45 биле повредени, а пет болници биле погодени со ракети додека седум амбулантни возила биле уништени.

Израелските напади врз Либан се интензивираа од 2 март, како одговор, како што соопштија израелските власти, на нападите со беспилотни летала и ракети што ги започна проиранската милитантна група Хезболах од Либан, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…

Израел да се повлече од Либан, а…

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…