Во наредните месеци ќе се пуштат делниците со тунели и галерии на автопатот Кичево-Охрид

t

Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани, 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска изврши увид во градежните активности на автопатот Охрид-Кичево, проект кој според него се реализира со забрзана динамика.

Како што рече Николоски две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи, а паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите.

Тука се работат осум галерии коишто се навистина еден голем инженерски потфат. Позади нас имаме три галерии коишто се веќе во завршна фаза — две можам да кажам дека се целосно завршени и на третата интензивно се работи. Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите, со што за неколку месеци од денес овој дел од автопатот ќе биде функционален и ставен во функција. Бројките се навистина импресивни. Само овие три галерии коишто се позади мене се во должина од 1 километар и 100 метри, додека тунелите ќе бидат најдолги во Македонија, едната цевка во должина од 2 километри, другата цевка во должина од 2 километри и 100 метри, како што кажав, најдолги тунели во Македонија, а галериите за првпат од овој тип се изведуваат не во Македонија, туку во целиот регион – изјави Николоски.

Тој додаде дека изгрaдбата на галериите било најдоброто решение за стабилизација на земиштетo, што на терен се покажува како ефикасно решение и најави дека наскоро ќе се пуштат нови делници за сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во наредните месеци ќе се пуштат делниците…

Во следните неколку месеци ќе отвориме уште…

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано…

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,…

Николоски: Автопатот Охрид–Кичево ќе се заврши на…

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски,…

Ќе се тестираат камерите на автопатот Кичево…

Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска, во…

(Видео) Мицкоски повторно го отвори автопатот Кичево-Охрид

Премиерот Мицкоски, министерот за транспорт Николоски и…