Во наше маало со ваквите не си играа: Раперот кој доби смртни закани поради песната за Македонија поднел пријава во бугарската тајна служба
Откако пред неколку дена раперот Иван Динев – Устата ги навреди чувствата на Македонците со песната „Лекција по македонска историја“, изведувачот доби стотици пораки со закани по неговиот живот.
Раперот вчера поднел пријава во полиција, а денеска документите ќе стигнат до Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) и до Министерството за надворешни работи на Бугарија.
Во средата раперот поднел пријава во полиција, но нагласил дека прашањата што му ги поставувале таму биле апсурдни.
„Затоа решив да се обратам до повисоките институции“, изјави Динев за НОВА.
Пред неколку дена Динев сподели со своите следбеници на социјалните мрежи дека добил над сто смртни закани по објавувањето на песната чија порака била насочена кон Македонија.
“Прва лекција за историјата на Македонија. Ова не е земја, туку територија”, се дел од римите во песната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Документи) Кој ја направи саботажата во РЕК…
Плаќаат 150 МИЛИОНИ денари за технолошко чистење…
Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…
Двајца припадници на Армијата се повредни по…
Трамп му се потсмева на Путин: Реши…
Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…
Лефков: 2 милиони денари за споменик за…
Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…