Во невремето во Кочани и Виница оштетени кровни конструкции и градинарски култури, интервенирано на пожар во Жиганци
Силно невреме, проследено со ветер, дожд, град и кратки атмосферски електрични празнења го зафати доцна попладнево подрачјето на Кочани и Виница.
Бурата што траеше петнаесетина минути предизвика помала материјална штета на кровните конструкции на неколку објекти, а од врнежите од град со големина на лешник оштетени се овошки и градинарските култури.
По известување од линијата за итни повици 112 интервенираше и Територијалната противпожарна единица од Кочани.
– Околу 17:30 часот добивме дојава за пожар во двор на објекти во селото Жиганци, при што беа ангажирани екипи со две возила. Констатиранио е дека силниот ветер предизвикал краток спој на електричниот довод меѓу две куќи, по што настанал пожар во дворната површина каде што имало сува трева. Со навремената интервенција огнот е изгаснат и спречено е настанување на поголема материјална штета, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.
Попладнево пожарникарите успешно интервенирале и на гаснење пожар што се проширил од кочанската комунална депонија кај селото Бели, која чади неколку денови, при што огнот зафатил сува трева и нискостеблести растенија во околината на оваа локација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…