Во недела ќе бидат блокирани улици во Ѓорче Петров – детали
„Ве известуваме дека на ден 12.11.2023 година /недела/ Јавното претпријатие „Улици и патишта“-Скопје, ќе изврши монтажа на нови портални и конзолни семафорски столбови, како и нова семафорска инсталација на крстосницата улица Ѓорче Петров со улица Знеполе“, велат од претпријатието
Тие додаваат:
Поради изведба на активностите за монтажа во периодот од 8 до 11 часот, сообраќајот ќе биде комплетно затворен на потегот од крстосницата улица Ѓорче Петров со улица Македонски Војски до крстосницата на улица Ѓорче Петров со улица Никола Пускаров (семафорите кај старата општина Ѓорче Петров). Пренасочувањето на сообраќајот ќе биде на улицата Борис Сарафов и на овие локации како и на сите останати внатрешни приоди ќе биде поставена соодветна сигнализација.
Апелираме до граѓаните за трпеливост во сообраќајот до завршување на активностите за монтажа на новите семафори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…
Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…
Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…
Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…
ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…
Иран упати сериозни закани за ракетни напади…
Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…