Во нередите пред државниот универзитет во Нови Пазар уапсени четири лица, низ Србија протести во поддршка на новопазарските студенти
Синоќа пред Државниот универзитет во Нови Пазар беше одржано седумнаесетминутно молчење, по што насобраните беа поканети да се упатат кон зградата на ПУ во Нови Пазар во знак на поддршка на уапсените, пишуваат регионалните медиуми.
Студенти и граѓани од блокада се собраа пред зградата на ПУ Нови Пазар, барајќи ослободување на уапсените. Тие рекоа дека ќе останат таму додека не бидат ослободени притворените.
Ситуацијата пред Државниот универзитет во Нови Пазар беше напната од вечерта во понеделник, кога маскирани насилници влегоа и насилно ги исфрлија студентите од зградата. Поради ова, студенти, граѓани и голем број полицајци се наоѓаат пред зградата на Универзитетот од раните утрински часови, вклучувајќи го и началникот на полициската управа, Нермин Љајиќ, кој беше удрен со шише во главата од насобраната толпа, поради што доби посекотина во пределот на слепоочницата.
Ветерани и студенти од Нови Сад, исто така пристигнаа во Нови Пазар синоќа. Студенти и граѓани на Нови Пазар ги пречекаа пред Државниот универзитет.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека четири лица се уапсени поради конфликтот меѓу граѓаните и полицијата во Нови Пазар.
„Сакам да кажам дека во Нови Пазар започнаа апсењата, четири лица се штотуку уапсени. Четворица од оние кои употребија насилство врз српската полиција и врз своите сограѓани, а апсењата ќе продолжат“, рече Вучиќ, кој преку телефон се приклучи на прорежимската телевизиска програма „Информер“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…