Во овој град најмногу се пие алкохол! Ако помисливте на Даблин, не сте во право
Чешката престолнина Прага се наоѓа на првото место на листата на градови во кои најмногу се пие, според најновото истражување.
Туристичката платформа „Холиду“ неодамна спровела истражување и направила листа на градови во кои најмногу се пие алкохол.
Претходните години прв на листата градови во кои најмногу се пие беше Даблин. Оваа година, го замени Прага. Даблин е на второто место, а на трето место е Берлин.
Во истражувањето се истакнува дека дури 81,3 проценти од населението на Ирска пие алкохол, што е најголем процент во било која анализирана држава. Но, овој податок не и го загарантирал првото место на ирската престолнина – Даблин.
Единствениот град кој го победил е Прага, каде локалното население пие најмногу пијалаци по глава на жител на светот, поточно 481 пиво по лице.
Речиси 19 проценти од препораките кои се однесуваат на тоа „што се прави во Прага“, според сајтот „Trip Advisor“, вклучуваат алкохол – од посета на пабови до посета на средновековни коктел-барови.
Берлин е на третото место, а истражувањето нагласува дека четири од пет Германци пијат алкохол по просечна цена од 4,52 евра по литар, пишува „Metro“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Зошто Филипче јавно излажа за својот…
Лидерот на СДСМ Венко Филипче, кој во…
Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans…
Корисниците од Македонија потрошиле околу 1,4 милиони…
(Видео) Немири во Париз по протестите, маскирани…
Немири избувнаа во Париз на крајот од…
УЈП испраќа предупредувања до граѓаните: Се проверуваат…
Управата за јавни приходи (УЈП) започна со…
Осум повредени на протестите во Тирана, запалена…
Осум лица добиле медицинска помош поради повреди…