Во одбрана на македонскиот идентитет, суверинитет и дигнитет: Дијаспората со огромна поддршка за народниот митинг во Драчево

t

Во одбрана на  македонскиот идентитет, суверенитет и дигнитет

Подршка и поздрав од Боби Темелков, Бил Николов, од Торонто, Канада и од Јон и Бети Треноси и радиото “Македонски корени“ од Сиднеј за народниот  митинг во Драчево, Кисела Вода

Денес, 20 мај 2022г. со почеток во 19:00 часот во Драчево, Кисела Вода, ќе се одржи народен митинг за одбрана на македонскиот идентитет и суверенитет, а против  преговорите со Бугарија на штета на македонското достоинство, македонски бит, постоење и опстојување.

Митингот го поддржаа Бил Николов со Македонско меѓународно движење за човекови права, Торонто, Канада, Боби Темелков, од Обединета македонска дијаспора, Торонто Канада и Јон и Бети Треноски, од радио Македонски корени, Сиднеј, Австралија.

Боби Темелков го подржува нашето Обединување за одбрана на Македонските Национални Интереси, бил Николов се придружува со кампањата “Нашето име е Македонија – Обединете се! Обединете ја Македонија СЕГА!“на ММДЧП, а Јон и Бети од радиото “Македонски корени“ испратија текст за подржка, кој интегрално го објавуваме.

Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки,

Ние Македонците без разлика каде и да сме го живееме едно од најтешките бремиња во последниве неколку години од постоењето на независна Македонија. Време во кое како никогаш досега Македонија нашата ни заедничка мајка а со тоа и сиот македонски народ се ставени во канџите на нашите негатори како однадвор така и од внатре. Време во кое ни се негира нашето постоење, нашиот идентитет нашиот македонски мајчин јазик, нашата македонска историја, култура и нашата Македонска Православна Црква.

Дојдено е времето на обединување, а не на разединување!

Сега е времето за сплотеност и слога!

Сите како еден со една мисла за одбрана на се што е македонско!

Македонец е тој што не си ги заборава корените од минатото и што ги поврзува со сегашноста и иднината. Македонец е човек што оставил, остава и ќе остави позитивна трага зад себе за навек. Пренесувајќи го аманетот на нашите предци кои ги дале своите животи за Македонија а тоа е да ја чуваме Македонија со сите обележја  кои  се запишани и во библијата.

Поздрав до сите присутни и ви благодариме за вашето присуство на овој митинг за одбрана на македонскиот идентитет, македонска историја, култура и македонско име.

Нашето име е МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНИЈА ОД ИСКОНА ДО ВЕЧНОСТА. МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА. 

Поздрав и поддршка од Јон и Бети Треноски од Македонски Корени од Сиднеј. Поздрв и поддршка  и во име на големото семејство на Македонски Корени.

Браќа и сестри жители на Драчево, Кисела Вода, Скопје и Македонија, ајде масовно да се собериме вечер во 19:00 часот во с.Драчево и да кажеме одлучно НЕ на бугарските навреди, притисоци и уцени. Одлучно да кажеме НЕ на преговорите со Бугарија, кои се штетни за македонските национални интереси и се против МАКЕДОНИЗМОТ, а тоа сме ние МАКЕДОНЦИТЕ И МАКЕДОНИЈА. Време е за Духовно, културно и политичко обединување на Македонците во Македонија, соседните држави, Европа, Австралија, Канда и САД.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна…

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во…

Млад скопјанец повреден во парк во Драчево

На 31.03.2024 околу 22.35 часот во Полициската…

Претрес во Драчево, пронајдено оружје

Полициски службеници од СВР Скопје, Единица за…

Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…

Дел од населбата 11 Октомври без вода

 Дел од корисниците од населбата 11 Октомври…