Во Охридското Езеро поставена новогодишна елка под вода
Нуркачи од Нуркачкиот центар „Амфора“ поставија новогодишна елка под вода во „Заливот на коските“ во Охридското Езеро, со што симболично ги одбележаа претстојните новогодишни и божиќни празници.
Како што е објавено на Фејсбук-страницата на нуркачкиот клуб, новогодишната елка под вода, традиција која трае повеќе од 20 години, е поставена во соработка со Здружението за ретки болести и со поддршка на волонтерите на Црвениот крст од Охрид.

Се истакнува дека оваа празнична акција е посветена на децата со ретки болести, „малите херои кои секојдневно нѐ учат на сила, надеж и љубов“.
„Нека празничниот дух допре до секое срце и донесе здравје, топлина и поддршка таму каде што е најпотребна. Среќна Нова 2026 година и среќни и благословени празници од длабочините на Охридското Езеро“, порачаа охридските нуркачи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…
Уредувањето и користењето на охридските плажи на…
Приведен 28-годишен државјанин на Словенија – ја…
Полициски службеници од СВР Охрид на 26…
Охридскиот регион го задржа статусот на заштитено…
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи…
Охрид на чекор да биде прогласен за…
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО препорача…
Дрон со термална камера за првпат бараше…
Планинската спасителна служба од Охрид синоќа со…