Во период од 3 дена уапсени 19 лица на „Д Фестивал“ во Дојран, им била пронајдена дрога
Во период од само 3 дена, од 29.06 до денес, за време на одржувањето на „Д Фестивал“ во Стар Дојран полицијата уапсила дури 19 лица поради поседување на дрога. Лишени се од слобода А.С.(29) од Струмица, Д.Ш.(24) од Гевгелија, Ј.Р.(23) од Скопје, К.В.(24) од Куманово, А.А.(32) од Струмица, Д.А.(34) од Скопје, Г.И.(46) од Скопје, Ј.Б.(32) од Гостивар, В.Г.(18) од село Црничани, гевгелиско, Т.П.(18) и К.Ц.(18), и двајцата од село Миравци, гевгелиско, Г.М.(47) од Скопје, Ф.И.(19) од село Удово, валандовско, Б.С.(23) од село Батинци, скопско, Д.З.(23) од Скопје, А.А.(30) од Валандово, Н.А.(18) од Скопје, С.П.(20) од Башино Село, велешко, и еден 17-годишен турски државјанин.
Од МВР појаснуваат дека кај нив и при контрола на нивните возила им се пронајдени марихуана, прашкаста материја и таблети. За настаните бил запознаен јавен обвинител, а по нивно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
16-годишно момче возело кола и се судрило…
Момче на возраст од 16 години е…
Калин Ивановски со победа го започна турнирот…
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, со победа…
Рубио: Русија и Украина се заинтересирани за…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Касами: Не сме за предвремени избори, но…
Градоначалникот на Тетово и еден од ко…
Германска државјанка пронајдена почината во хотел во…
МВР информира дека доцна синоќа во 23.40…