Во Пиринска Македонија одбележани Кресненското востание и 11 Октомври: Почит за загинатите и пораки за македонските права
Со положување венци и цвеќиња, пригодни говори и панихида за загинатите, македонските организации во Бугарија на 11 октомври ги одбележаа Македонското, односно Кресненското востание и Денот на народното востание.
Традиционалната прослава ја организираа ОМО „Илинден“-ПИРИН, ОМО „Илинден“ и други македонски организации, а според објавата на организаторите, присуствувале луѓе од сите делови на Пиринска Македонија.

Одбележувањето започнало во градот Кресна, со положување венци и цвеќиња пред споменикот на Димитар Поп-Ѓорѓиев Беровски, еден од водачите на Кресненското востание. Со едноминутно молчење им била оддадена почит на загинатите.
Пред присутните се обратил копретседателот на ОМО „Илинден“-ПИРИН, Стојко Стојков, кој зборувал за значењето на двете востанија и за продолжувањето на македонската борба за права и слобода.
Според организаторите, Стојков упатил критики кон бугарската држава за, како што ја оценил, политиката на негирање и бугаризација на Македонците. Во обраќањето ги поврзал историските борби со денешните заложби за зачувување на македонскиот идентитет и остварување на правата.
Вториот дел од прославата се одржал во селото Стара Кресна. Пред споменикот на востанието, претседателот на ОМО „Илинден“, Кирил Тилев, прочитал пригоден говор, кој присутните го поздравиле со аплауз.
Програмата продолжила во селото Оштава, каде што во црквата била одржана панихида за загинатите за Македонија. За помен биле раздадени погача и пченица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…
(Фото) Срби им ги пишуваат соопштенијата на…
Нов гаф во соопштенијата на опозициската СДСМ,…
ФТ: САУДИСКА АРАБИЈА, ОАЕ, КАТАР И ТУРЦИЈА…
Лидерите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати,…