Во пожар во делчевското село Габрово изгореа 25 тони сенo

t

Во делчевското село Габрово изгореа околу 25 тони сено, во пожар кој синоќа зафати имот на жител на селото. Според информациите на Територијалната противпожарна единица, која интервенирал на самото место, пожарот бил пријавен околу 23:30 часот.

Веднаш со свој екипаж интервениравме на местото каде гореше запалената слама сопственост на семејството Јаневски. Беше интервенција од поголем обем бидејки изгореа околу 25 тони сено, информираа од ТППЕ Делчево, потенцирајки дека причината за пожарот не е позната.

Гаснењето траело цела ноќ, а пожарот целосно бил локализиран во утринските часови.

Имајки ги предвид високите температури, од делчевската птотивпожарна единица апелираа да не се пали оган на отворено, и да се почитува забраната за движење во шума.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар зад Универзална сала

Пожар избувна предмалку во куќа на улицата…

(Видео) ПРОЛЕТЕН СНЕГ ВО ДЕЛЧЕВО!

на граничниот премин Делчево врне снег, а…

Изгоре угостителски објект на државниот правобранител Речи…

Пожар рано изутринава избувна во угостителски објект…

(Фото) Голем пожар над Кондово!

Голем пожар гори над Кондово. Пожарот е…

Забрана за тешки товарни возила на правецот…

Од ЈП јавно претпријатие за одржување и…