Во Португалија се продавале лажни влезници за фудбалскиот дуел со Македонија во вторник
Фудбалската федерација на Португалија објави дека сите влезници за мечот со Македонија се продадени и „Драгао“ ќе биде со полн капацитет од 50 илјади гледачи, задутре од 20:45 часот.
Но, објавено е од португалските медиуми дека Федерацијата пријавила и обиди за продажба на билети на црно и обид за измама, пренесе СпортМанија.
-Дел од сопствениците на билетите се обиделе да ги продадат по многу повисоки цени, а има и случаи на комплетна измама и понуда за продажба на билети што не постојат. Агенцијата за економска безбедност, ASAE, на Португалија која се грижи за заштита на потрошувачите примила пријава од Фудбалскаат Федерација на Португалија за обиди за измама со влезниците и за продажба на црно, па најавена е и истрага, објави порталот.
За макединските навивачи имаше контингент од околу 2.500 влезници по цена од 820 денари.
Мечот ќе се игра задутре од 20.45 часот и победникот ќе игра на Светското првенство во Катар во ноември и декември оваа година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…