Во потрага по храна, мечка се качи на тераса од семејна куќа во Тетовско

t

Мечка се качила на тераса од семејна куќа во тетовското село Отуње.

Членовите на семејството биле во внатрешноста на куќата, па со мобилен телефон ја снимиле мечката качена на маса каде имало оставено храна, пишува Тетово инфо.

Според објавеното и во другите блиски села како Сетоле и Једоарце летово биле забележани слични примери на камери за видеонадзор.

„Мечките во потрага по храна, се движат низ селото, уништуваат сандаци со пчели и слично“.

И минатата година во делови од државата беа пријавени напади од мечки, а на социјалните мрежи се објавуваа видеа каде мечки можат да се забележат и покрај патишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Русија се обидува да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Се бара укинување на ветото во ЕУ,…

11 земји членки на Европската Унија побарале…

Кипар со најголем пад на туризмот во…

Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…

Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…

Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…