Во притвор тројца вклучени во најголема нарко-афера во Србија, дрогата ја набавиле од Македонија
Вишиот суд во Белград синоќа (31.01.)им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух кај Крушевац. Притворот им е одреден на Н.С., Р.С. и И.Д. односно поради опасност од бегство, за да не се влијае врз сведоците, за да не се повтори кривичното дело и поради нарушување на јавниот ред и мир, соопштија од тој суд, пишуваат српските медиуми.
Јавното обвинителство за организиран криминал претходно вечерва објави дека е донесена наредба за спроведување истрага против Александар Мијајловиќ, Небојша Спасојевиќ, Радет Спасојевиќ, Иван Драгниќ и Урош Младеновсак.
Како што е наведено во соопштението, оваа организирана криминална група дејствувала на меѓународно ниво, со тоа што во текот на јануари оваа година набавила повеќе од пет тони опојна дрога марихуана на територијата на Македонија.
Според планот на организаторот, осомничениот Иван Драгниќ ја транспортирал дрогата преку границата до магацинот на семејството на осомничените Спасојевиќ, од каде што осомничениот Урош Младеновски ја носел за понатамошна продажба.
Се додава дека е особено индикативно што осомничениот Иван Драгниќ е косопственик на компанијата „Алфафарм“, која е регистрирана во скопско за производство и преработка на медицински канабис.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…