Објавено на:

Во Рим измерена рекордна температура, Пекинг го собори рекордот за високи температурни денови во една година

t

Италијанската престолнина денеска забележа нова рекордно висока температура од 41,8 степени Целзиусови, додека топлотниот бран опустоши поголем дел од јужна Европа, објави метеоролошката служба на регионот Лацио.

Претходниот рекорд од 40,7 степени Целзиусови беше во јуни минатата година. Таа температура денеска беше надмината во различни делови на Рим, а метеоролошката станица во источните предградија забележа нов рекорд.

Европа се бори со високите температури, а топлотниот бран не покажува знаци на намалување.

Италијанците се предупредени да се подготват за „најинтензивниот топлотен бран ова лето и еден од најинтензивните досега“.

Пекинг денеска го собори претходниот рекорд за најмногу денови со високи температури во една година – 27 дена – во услови на топлотен бран што го зафати кинескиот главен град.

Денеска напладне температурата измерена од метеоролошката станица во јужните предградија на Пекинг се искачи на 35,1 Целзиусов степен. За еден ден да биде означен како ден со висока температура, вредностите мора да надминат 35 степени.

Претходниот рекорд за високи температурни денови во една година беше поставен во 2000 година, кога високи температури (над 35°C) беа забележани во 26 дена од годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Му реков на Трамп дека нашите…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ги брани нападите…

Новата енергетска криза: светските цени на дизелот…

Една од најголемите економски приказни во моментов…

Трамп подготвува 90-дневна забрана за извоз на…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува…

Ристовски за „Екипа“: Рестарт и темелни реформи…

Министерот за спорт Борко Ристовски во интервјуто…

Трамп: Канада сама се уништува со неконтролираниот…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…